Јавното обвинителство за гонење организиран криминал отвори истрага за злосторничко здружување и злоупотреба на постапки за јавни набавки и јавно-приватно партнерство. Според првичните сознанија, направена е штета од 6,5 милиони евра.
Според информации на ТВ21, предмет на претрес се документации поврзани со јавни набавки и снабдување со адитиви за РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј.
Истрагата опфаќа 25 субјекти, од кои 23 се физички лица, а две се правни лица.
Осомничени се екс-директорите Васко Ковачевски, Стефанов и Матевски, клучни играчи се велешаните Данчо Стојановски и Маја Јорданов, според информациите на Плусинфо.
Акцијата се спроведува во неколку градови, вклучувајќи Битола, Велес, Кичево и Скопје.