Македонија

„Амбасадите повеќе се грижат од нашите избраници, овие парите ги чуваат за тендери“ – Протест на граѓаните за чист воздух!

„Амбасадите повеќе се грижат од нашите избраници, овие парите ги чуваат за тендери“ – Протест на граѓаните за чист воздух!

Со протестен марш, кој започна пред Министерството за животна средина, попладнево иницијативата „Зелен хуман град“ заедно со други граѓански организации го изразуваат своето незадоволство од алармантно високото ниво на аерозагадување во земјата.

Маршот продолжи кон Собранието и ќе заврши пред зградата на Владата.

Присутните извикуваат „Што ви дишат децата“, „УА“, „Ви делат ли чист воздух од партија“

Пред присутните се обрати и еден од организаторите кој истакна дека следен пат треба да се протестира пред амбасадите.

„Следен пат треба протестираме пред амбасадите затоа што тие повеќе се грижат за нас од нашите избраници кои ние ги плаќаме, се до сега е направено и истражено со странски пари, се за воздухот е финансирано од надвор, овие парите ги чуваат за тендери“, порача тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни