Македонија

СДСМ: Цените отидоа до плафон, Мицкоски мува не го лази

СДСМ: Цените отидоа до плафон, Мицкоски мува не го лази

Од СДСМ велат дека цените продолжуваат да растат, а народот има се помалку пари во џебовите.

„Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во ноември цените на производите се повисоки за 4 отсто а годишната инфлација е 4,3 отсто, повисока од претходно.

За една година најголемо поскапување од храната има кај зеленчукот од 15, 6 проценти, потоа кај млекото, сирењето, јајцата, кај безалкохолните пијалаци, кафето, чајот, какаото, месото.

Кај дел од овие производи е забележано поскапување и во однос на месец октомври.

Ова е најголем доказ дека власта на Мицкоски и ДПМНЕ водат погрешни екоономски политики додека граѓаните секојдневно се борат да врзат крај со крај.

Цените отидоа до плафот а Мицкоски мува не го лази“, велат од СДСМ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни