Македонија

„Стотици милиони евра префрлале кон ЕСМ, а книжеле како капитални инвестиции“, вели Мицкоски

„Стотици милиони евра префрлале кон ЕСМ, а книжеле како капитални инвестиции“, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски на гостувањето на МРТ, рече дека минатата година биле забележани трансакции од централниот буџет кон државни компании, како што е ЕСМ, и кажа дека тоа биле стотици милиони евра.

„Минатата година имаме пари кои биле префрлани од централниот буџет до државните компании и акционерските друштва кои се во доминантна сопственост на државата. Практично како помош во ликвидноста, а биле книжени како капителни инвестиции. Такви се трансферните кон ЕСМ, и зборуваме 100 милиони евра, и тоа не е во ред. Тоа е трик“, рече Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни