20 дена пред Нова година, на плоштадот „Македонија“ беше осветлена новогодишната елка, што означи официјален почеток на празничната сезона во главниот град.
Елката, со своите бои и светла, стана централна атракција на плоштадот, привлекувајќи многу граѓани кои не пропуштија да се фотографираат и да уживаат во магијата на празничната атмосфера. Поставена на црвена платформа над пропаднатата фонтана, елката го краси плоштадот и додава посебен сјај на градскиот амбиент.
Иако атмосферата е веќе во полн сјај, се уште не е јасно кој е одговорен за украсувањето на Скопје оваа година, ниту колку е вкупниот трошок за оваа празнична декорација.