Македонија

Објавени номинациите за најдобрите спортисти на Македонија за 2024 година

Објавени номинациите за најдобрите спортисти на Македонија за 2024 година

Сојузот на спортови и Министерството за спорт на Република Македонија ги објавија номинациите за најдобрите спортисти за 2024 година.

Како и секоја година, на крајот на календарската година ќе бидат прогласени најуспешните спортисти во различни категории.

Во категоријата за најдобар спортист номинирани се: шахистот Тони Лазов, кикбоксерот Бобан Илиоски, атлетичарот Дарио Ивановски, кајакарот Ангел Петрушев и голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски.

Во категоријата за најдобра спортистка се издвојуваат: таеквондистката Милјана Рељиќ, каратистката Михаела Мишовска, ракометарката Сара Ристовска, кикбоксерката Леа Бошевска и фудбалерката Наташа Андонова.

Дополнително, ќе бидат прогласени и најдобрите во следниве категории: најдобар млад спортист, најдобра млада спортистка, најуспешни национални тимови (машки и женски), најуспешен спортист со инвалидитет, најдобар тренер/селектор и најуспешна спортска федерација.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни