Свет

ВИДЕО Продолжуваат протестите поради трагедијата со 15 жртви во Нови Сад

ВИДЕО Продолжуваат протестите поради трагедијата со 15 жртви во Нови Сад

Во соседна Србија продолжуваат протестите кои започнаа по уривањето на бетонски визир на станицата во Нови Сад. Во инцидентот на 1 ноември загинаа 15 лица, а опозициските партии и студентите ја обвинуваат корупцијата и негрижата на властите за трагедијата. Демонстрантите во четвртокот повторно излегоа на улиците на Белград, и покрај тоа што еден ден претходно српскиот претседател Александар Вучиќ вети дека ќе ги објави сите документи поврзани со реконструкцијата на станицата во Нови Сад.

Откако дојде на власт како вицепремиер во 2012 година, Вучиќ се соочи и со други антивладини протести, но за првпат попушта пред барањата на демонстрантите.

Своето незадоволство демонстрантите во четвртокот го изразија и до српската јавна телевизија РТС, која, според нив, ги игнорирала критиките кон власта.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни