Македонија

Скопјанка пријавила дека сопругот и золвата ја натепале

Скопјанка пријавила дека сопругот и золвата ја натепале

Физички напад врз 32-годишна скопјанка бил пријавен синоќа во полицијата. Жената пријавила дека била нападната во домот на подрачјето на Бит Пазар, а како сторители ги посочила нејзиниот вонбрачен сопруг и неговата сестра.

Според информациите од полицискиот билтен, случајот бил пријавен во 20:25 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Герасимовски 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни