Македонија

Екологистите бараат забрана за увоз на стари возила и ограничување на ЕУРО 6 стандардот

Екологистите бараат забрана за увоз на стари возила и ограничување на ЕУРО 6 стандардот

„О2 иницијативата“ денеска побара од Владата да донесе забрана за увоз на користени возила постари од 10 години, и под ЕУРО 5 стандардот за издувни гасови, и исто така ограничување на увоз на возила со ЕУРО 6 стандард.

Тие го испратија ова барање писмено до премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека нивните барања ќе придонесат за намалување на загадување на воздухот.

„Ова е една од конкретните мерки кои ги доставуваме до Владата, бидејќи сметаме дека сообраќајот е огромен фактор што придонесува за загадувањето на воздухот. Во минатото сме доставувале и други предлози, така што властите немаат оправдување да кажат дека не знаеле што треба да се направи. За споредба, во регионов вакви услови имаат воведено Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора“, рече на денешната прес-конференција пред Владата Татјана Чакулев од „О2 Иницијатива“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни