Македонија

Почина работник за време на извршување градежни работи во Струмица

Почина работник за време на извршување градежни работи во Струмица

На 12.12.2024 околу 11.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека при извршување градежни работи на објект на ул.„Братство- Единство“ во Струмица, З.Б.(60) од село Вешала, тетовско, паднал и од здобиените повреди починал на местото на настанот. Лекар од Медицински центар Струмица констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, инспектор од Државен трудов инспекторат и екипа на СВР Струмица. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.    

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни