После 67 години со одлични резултати го мина осмото одделение.
Британецот Реј Ивли, 88-годишен пензионер, по 67 години, со одлични резултати го положи осмото одделение на музичкото училиште, отсек пијано.
Ивли, пензиониран свештеник кој живее во селото Килхам во источен Јоркшир, во близина на Бридлингтон, рече дека бил запрепастен од интересот на јавноста откако неговата приказна била прикажана на локалната радиостаница на Би-Би-Си, телевизија и во локалните весници, пишува Гардијан.
– Изненаден сум што мојата приказна привлече толку големо внимание и толку многу публицитет, бидејќи има толку многу вести за други проблеми во светот, изјави Реј Ивли за лондонскиот дневен весник.