4NEWS.mk

Цената на нафтата повторно расте

Цените на нафтата пораснаа четврти ден по ред и покрај оптимизмот дека американската Управа за федерални резерви (Фед) ќе ги намали каматните стапки.

Таквите очекувања ја поттикнаа потрошувачката на нафта во САД, најголемиот светски потрошувач на нафта.

Цената на северноморската нафта „брент“ порасна за 63 центи на 64,34 долари за барел, но и покрај тоа, веројатно ќе забележи месечен пад од повеќе од три проценти поради загриженоста околу побарувачката за нафта, јавија светските агенции.

Американската „лесна“ нафта поскапе за 46 центи на 57,33 долари за барел, но исто така е на пат да забележи месечен пад од околу 1,8 проценти.

Економскиот раст во САД забави во вториот квартал помалку од очекуваното, што ги зголеми изгледите за поголема потрошувачка на нафта, но на други места разочарувачките економски податоци предизвикаа загриженост поради побавен раст. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни