Магазин

Почина актерка од серијата Squid Game

Почина актерка од серијата Squid Game

Актерката Ли Џо Шил, позната по улогата во хит-серијата на Нетфликс, Squid Game, почина неколку месеци откако и беше дијагностициран рак на желудникот.

Таа имаше 80 години. Нејзиното последно збогување ќе биде на 5 февруари.

Јужнокорејската актерка почина денеска во семејниот дом во градот Уијеонгбу, пишува корејскиот весник The Chosun Ilbo. Во втората сезона на Squid Game, таа ја играше Парк Мал-Сун, мајката на Хванг Џун-хо.

Родена во 1944 година, Ли ја започна својата актерска кариера во 1960-тите со улоги во сценски претстави и како гласовна актерка, пред да добие голем број улоги во К-драми.

Кога имала педесет години и бил дијагностициран рак на дојка, но успеала да се опорави, за жал таа сега ја загубила животната борба.

Сè уште не е познато дали таа снимила епизоди од најновата сезона на серијата Squid Game.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни