Автомобили

Германската автомобилска индустрија е загрижена за нејзината конкурентност на светските пазари

Германската автомобилска индустрија е загрижена за нејзината конкурентност на светските пазари

Германската автомобилска индустрија е загрижена за својата конкурентност на светските пазари и расположението во оваа гранка на економијата дополнително се влоши, е заклучокот од јануарскиот извештај што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Показателот кој го мери деловното расположение во германската автомобилска индустрија падна од минус 35 поени во декември на минус 40,7 поени.

Вредноста на показателот што ја оценува тековната деловна состојба падна од минус 32,6 поени на минус 39,1 поени, а вредноста на индексот што ги мери деловните очекувања на компаниите во наредниот полугодишен период од минус 37,3 поени на минус 42,3 поени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни