Магазин

Илон Маск стана татко по 13-ти пат! Еве што рече милијардерот, никој не очекуваше ваква реакција!

Илон Маск стана татко по 13-ти пат! Еве што рече милијардерот, никој не очекуваше ваква реакција!

Во изненадувачко откритие, про-Трамповата инфлуенсерка на социјалните мрежи објави дека во тајност го родила 13-тото дете на Илон Маск. Ешли Сент Клер, 26-годишна десничарска инфлуенсерка, ја сподели оваа вест на сопствената платформа на Маск, X, и тоа на Денот на вљубените.

Сент Клер, позната по своите екстремни ставови и контроверзни мислења, тврди дека минатата година го родила детето на милијардерот, но ја криела таа информација за да ја заштити приватноста и благосостојбата на детето.

„Пред пет месеци на свет донесов бебе. Илон Маск е таткото“, напиша таа и додаде: „Досега не ја објавував оваа информација за да ја заштитам приватноста и безбедноста на нашето дете, но последниве денови стана јасно дека таблоидите сепак ќе го сторат тоа, без оглед на штетата што можат да ја предизвикаат.“

Молба за приватност

Сент Клер апелираше до медиумите да ја почитуваат анонимноста на нејзиното дете и да му овозможат нормално и безбедно детство.

„Намерувам да му овозможам на нашето дете да расте во нормално и безбедно опкружување. Поради тоа, ги молам медиумите да ја почитуваат неговата приватност и да се воздржат од наметливо известување“, изјави таа.

Реакција на Маск

Илон Маск сè уште не се огласил официјално во врска со овие тврдења, но одговорил со емотикон кој плаче од смеа кога еден од неговите обожаватели сугерирал дека „правењето уште едно дете“ му е само споредна мисија.

Недолго по објавата, Маск напишал загаточен пост на мрежата Икс, одговарајќи на обожавателот кој рекол дека „правењето уште едно дете“ е само уште една од „споредните мисији“ на Маск.

Маск реагирал со емотикон кој плаче од смеа.

Порталот Дејли Меил исто така открил дека Ешли Сент Клер пред околу година дена се преселила во луксузен стан на Менхетн, во близина на Градската собранија, чии месечни наеми изнесуваат помеѓу 12.000 и 15.000 долари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни