Магазин

Кога и како ќе дојде крајот на светот?

Кога и како ќе дојде крајот на светот?

Исак Њутн, творец на законите за движење и гравитацијата, предвидел дека светот каков што го познаваме може да исчезне во 2060. година.

Оваа злослутна прогноза била напишана пред 1704. година, на хартија над низа математички пресметки. Њутн верувал во библиските пророштва за Апокалипсата, особено во Бојот на Армагедон, и својата теорија ја засновал на протестантското толкување на Библијата и историските настани кои следеле библиски наративи.

Како дојде Њутн до 2060. година? Во последното поглавје на Откровение Јованово, Армагедон се опишува како конечна битка меѓу доброто и злото – помеѓу Бог и владетелите на светот. По таа битка, според библиското пророштво, треба да започне ново време на мир под Божјата власт.

Њутн математички ги толкувал библиските датуми, користејќи принцип според кој „денот“ во Библијата означува година. Клучниот временски период кој го користел бил 1.260 години, што според неговото толкување означувало време на напуштање на вистинската црква и пораст на „корумпирани“ религии – особено католицизмот, кој некои протестанти го сметале за идолопоклонски култ.

Анализирајќи историски настани, Њутн заклучил дека до напуштањето на вистинската вера дошло 800. година од новата ера, кога било основано Светото Римско Царство. Додавајќи ги 1.260 години, добил 2060. година како потенцијален датум на крајот на светот.

Во писмото од 1704. година напишал:

„А ако се земат деновите на краткотрајните ѕверови како години на долгоживечните царства, периодот од 1260 дена, ако се смета од целосното освојување на три царства во 800. година по Христа, ќе заврши во 2060. година. Може да заврши и подоцна, но не гледам причина зошто би завршило порано.“

Пресметаното предвидување Иако го направил ова пресметано предвидување, Њутн бил многу внимателен кога се работи за одредување на точниот датум на крајот на светот. Сметал дека неточните човечки проценки можат да го нарушат угледот на Библијата, бидејќи постојаните лажни пророштва можат да го обезмислат светото учење.

Во еден запис нагласил:

„Не го наведувам ова за да тврдиме кога ќе дојде крајот, туку за да ги спречам неоснованите претпоставки на луѓето кои постојано предвидуваат крај на светот, а потоа, кога тоа нема да се случи, го доведуваат во прашање вистинитоста на светите пророштва.“

Исак Њутн за крајот на светот Фото: Иван Рјабокон / Пантермедија / Лајфстајл пикчерс / Алами Според неговите истражувања на библиските пророштва, пред второто доаѓање на Христос, Евреите треба да се вратат во Израел и да го обноват Храмот во Ерусалим. Тој исто така сметал дека корумпираните гранки на христијанството ќе паднат, а вистинската вера ќе биде проповедана јавно.

Наука и апокалипса Денес може да изгледа необично што еден од најголемите научници на сите времиња се занимавал со библиски пророштва, но според Стивен Снобелен, професор по историја на науката на Универзитетот Кингс Колеџ во Канада, тоа не било чудно за времето на Њутн.

„Њутн не бил научник во модерната смисла на зборот. Тој бил ‘природен филозоф’ – а во периодот од средниот век до 18. век, природната филозофија не ги опфаќала само проучувањата на природата, туку и трагањето по Божјата рака во природните закони“, пишува Нова.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни