4NEWS.mk

Саем на медот во Струга

Во органзиација на Здружението на пчелари „Матица“, со поддршка на Општина Струга и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од денеска до 5 август на градскиот плоштад ќе се одржи Саем на медот.

На манифестацијата што петта година се одржува во Струга, покрај мед, посетителите ќе имаат можност да вкусат и пчелни производи: млеч, полен, восок… Ќе можат да купат производи и препарати кои се користат во пчеларството.

На Саемот, пчелни производи ќе понудат пчелари од Струга, Охрид, Битола, Кичево, Кочани и Македонски Брод, а учесто најавиле и пчелари од Албанија и Србија. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни