Колекционер од Шкотска купил ретка римска монета на аукција во петокот и за неа издвоил дури 6.000 евра!
Се верува дека првата монета од ваков вид е пронајдена во Велика Британија.
Рон Волтерс на возраст од 76 години, од Кингсвинфорд во Западен Мидлендс, Англија ја пронашол паричката во Вол Хит кај Дадли во 2024 година со помош на детектор за метал.
Овој редок примерок бил под земја повеќе од 1.900 години и има изгравирана слика на римскиот император Аулус Вителиус.
Тој владеел во 69 година од нашата ера, но само осум месеци, за време на граѓанската војна.
Половина од приходот од аукциската продажба на монетата ќе го задржи земјоделецот на чиј имот е ископана, додека пронаоѓачот ќе го добие остатокот од сумата, јавува Би-би-си.