Меѓусебни различни перцепции за економијата, инвестициите и индустријата донесе ова недела за политичките ривали – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски ја критикуваше Владата за економскиот неуспех, и рече дека земјата живее во два света, во светот на Заев каде блеска и во реалноста каде граѓаните живеат со празни џебови.
Во првиот квартал на годинава, странските инвестиции се 21,6 милион евра, што е околу 90% помалку за разлика од истиот период мината година, рече Мицкоски. Има 15% помалку градежни работи алармираше Мицкоски, додавајќи дека во вториот квартал индустриското производство имало пад за 1.33%, а нивото на реализација на капиталните расходи е 20%.
Во врска со овие обвиненија за економијата, реагираше СДСМ, од каде велат дека земјата има реален економски напредок.
Костадинов ги отфрли и тврдењата на лидерот на опозицијата, велејќи дека само за една година странските инвестиции се зголемиле за 260%, а се реализирани и се во фаза на реализација 20 странски инвестиции во и надвор од индустриските зони. Според него, позитивната економска клима влијаела и врз намалувањето на невработеноста на 17,09%. Портпаролот на социјалдемократите го повика Мицкоски наместо само да ја чита книгата на Никола Груевски, да го прочита и извештајот на Светската трговска организација каде се покажува економскиот напредок на земјата
РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ