Македонија

Претрес во домот и канцеларијата на виш јавен обвинител во Битола – има сомнежи за примање награда

Претрес во домот и канцеларијата на виш јавен обвинител во Битола – има сомнежи за примање награда

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција обезбеди судски наредби за претрес на дом и службени простории на виш јавен обвинител во ВЈО Битола, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик.

Претресите врз основа на обезбедените наредби ги вршат припадници на Министерството за внатрешни работи.

Повеќе детали по завршување на дејствијата во текот на утрешниот ден.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни