На ТикТок кружи видео од десет секунди кое собра неверојатни 3,6 милијарди прегледи и над милион лајкови, без да покаже буквално ништо.
Видеото е објавено од корисник по име Ласи на 7 јуни 2023 година, покажува црн екран и без звук, но луѓето масовно го лајкуваат и го споделуваат.
@lasi
Причината за неговата огромна популарност останува целосна мистерија, а коментарите под видеото ја покажуваат збунетоста на корисниците на ТикТок.
„3,6 милијарди прегледи – за што? праша еден, додека друг накратко искоментира: „Сериозно? Ова е се?“.
Можеби овој феномен е добар показател и за чудни појави кои без никакво логично објаснување стануваат тренд на ТикТок, кој особено и се допаѓа на помладата генерација.