Македонија

Запалени пет возила кај Психијатриската болница во Бардовци!

Запалени пет возила кај Психијатриската болница во Бардовци!

Попладнево избило пожар на плац со стари возила позади Психијатриската болница во Бардовци.

Скопската Противпожарна служба информира дека се запалени пет коли, а нема повредени ниту е зафатената болницата.

„Пожарот е изгаснат. Се интервенираше со 4 возила и 10 пожарникари. Станува збор за стари коли од кои се препродавале делови”, велат од Пожарната.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни