Македонија

60-годишен маж пронајден починат во близина на неговата куќа во село Ореше

60-годишен маж пронајден починат во близина на неговата куќа во село Ореше

Вчераутро телото на 60-годишниот Т.М. било пронајдено во близина на неговата семејна куќа во селото Ореше во општината Чашка, информираше Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен во велешката полиција вчера околу 8:30 часот.

„Лекар од Итна медицинска помош Велес констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, велат од СВР Велес.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни