Македонија

Се трага по исчезнато лице од штипско Степанци

Се трага по исчезнато лице од штипско Степанци

Потрагата по исчезнато повозрасно лице од с. Степанци во Општина Штип продолжува.

Истото е пријавено за исчезнато на 07.04.2025 година во 16:20 часот преку Едиствениот повикувачки број за итни случаи 112.

Известени се МВР Штип и Локална самоуправа Штип, а и други институции и служби, здруженија и граѓани коишто можат да помогнат и помагаат во потрагата, информираше Регионалниот ЦУК Штип до Секторот за операции и координација во ЦУК..

Инаку, лицето последен пат било видено во саботата на 05.04.2025 година. Во последното деноноќие, конкретно вчера (09 април), е пребаруван повторно теренот околу селото Степанци, а и во и околу другите блиски села, од страна на роднини и пријатели (5-6 лица) на исчезнатото лице. Претходниот ден (08 април) во потрагата беа вклучени 15 лица од коишто имаше и двајца вработени од РЦУК Штип, коишто доброволно се вклучија во потрагата.

Денеска се очекува во потрагата да се вклучат извидници од Штип, дел ловци од ЛЗ „Ловец“ од Штип, а ловочуварите од ловиштето „Лакавица – Патрик“, директно на нивна територија вршат пребарување и индиректно – преку редовно прегледување на снимките од камерите на терен. Инаку и жители од околните села во тој реон самостојно вршат претага во атарот на нивните села.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни