Магазин

Меланија Трамп го прослави својот 55-ти роденден

Меланија Трамп го прослави својот 55-ти роденден

Меланија Трамп, поранешна манекенка и сопруга на Доналд Трамп, вчера го прослави својот 55-ти роденден.

На својот 55-ти роденден, Меланија присуствуваше на погребот на папата Франциск во Рим заедно со својот сопруг, каде што се собраа светски лидери. Иако денот беше исполнет со тага, Меланија со своето присуство му оддаде почит на папата Франциск и ја покажа својата посветеност на општествените вредности.

Родена на 26 април 1970 година во Словенија, Меланија својот животен пат го започнала далеку од светските политички центри.

По успешната манекенска кариера во Европа, во 1996 година се преселила во Њујорк, каде што продолжила да ја гради својата кариера.

Судбоносната средба со Доналд Трамп во 1998 година целосно го променила текот на нејзиниот живот.

Се венчаа во 2005 година, а една година подоцна го добија синот Барон. Кога Доналд Трамп стана 45-ти претседател на САД во 2017 година, Меланија стана Прва дама, а нивниот син Барон најмладиот член на семејството во Белата куќа.

За време на својот мандат како Прва дама, Меланија ја покрена иницијативата „Be Best“, посветена на благосостојбата на децата, борбата против сајбер насилството и промовирањето на здрав живот. Нејзиниот моден стил, софистицираноста и смиреноста беа забележани и ценети низ целиот свет.

По повторниот избор на Доналд Трамп за претседател на САД на изборите во 2024 година, Меланија се врати во Белата куќа.

Иако најави дека нема целосно да ги преземе должностите на Првата дама и дека дел од времето ќе го минува во Њујорк со синот Барон, кој таму ќе студира, таа и понатаму активно учествува во јавниот живот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни