4NEWS.mk

Пацоли: Косово не ги признава руските пасоши за Украинците

Министерот за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли порача дека Косово нема да ги признае пасошите издадени од Русија за жителитена на Доњецк и Луханск во Украина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Пацоли на својата страница на Твитер напиша дека Косово го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

– Русија треба да прекине со илегалните интервениции во Украина и да ги повлече своите трупи, напиша Пацоли.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни