Украинските сили за специјални операции (СОФ) објавија дека употребиле борбени беспилотни летала за да го уништат рускиот ракетен систем Бук-М3 и повеќекратниот ракетен систем „Ураган-1“, соопшти украинската војска.
Бук-М3 е еден од клучните руски системи за воздушна одбрана и се користи за погодување цели во воздух, на копно и на море. Уништениот систем, според украинските проценки, вреди околу 45 милиони долари.
Видеото од нападот беше објавено на официјалните украински воени канали.
Сили спеціальних операцій ЗСУ знищили новітній БУК-М3 та РСЗВ "Ураган-1".
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) May 13, 2025
Відео: ССО pic.twitter.com/ECwInUMUcl
„За време на извидувачка мисија во една од оперативните зони, нашите војници ги забележаа системите Бук-М3 и Ураган-1 на борбени позиции. По брза подготовка, лансиравме борбени беспилотни летала и прецизно ги погодивме целите. Системот Бук-М3 беше уништен заедно со неговата муниција“, објави командниот тим на специјалните сили.
За потсетување, Командата на специјалните сили вчера објави дека војниците од една од нивните единици убиле осум руски војници за време на извидувачка мисија зад фронтовските линии.