Свет

Утрово во Австрија беше одржана минута молчење за жртвите од пукањето во Грац

Утрово во Австрија беше одржана минута молчење за жртвите од пукањето во Грац

Денес во 10 часот наутро низ цела Австрија беше одржана минута молчење за 10-те жртви од пукањето во средното училиште во Грац.

По тој повод, во Грац заѕвонија црковните ѕвона, додека членови на федералните и локалните власти присуствуваа на комеморацијата пред училиштето БОРГ, каде што се случи пукањето, објави Кронен Цајтунг.

Црни знамиња беа подигнати на зградите во центарот на Виена, вклучувајќи ја и катедралата „Свети Стефан“, пред која граѓаните палеа свеќи, положуваа цвеќе и оставаа пораки со сочувство.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни