4NEWS.mk

Во експлозијата во Кабул загинаа 18 лица, а повеќе од 100 се повредени

Во експлозијата на автомобил бомба, што рано утринава се случи пред полициска станица, во западниот дел на Кабул, досега загинаа 18 лица, а над 100 се поврдени.

Локалната телевизија ЛОЛ објави дека меѓу повредените најмногу има цивили, од кои повеќето се жени и деца.

Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците кои во краткото соопштение наведоа дека се убиени многу војници и полицајци. 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни