Свет

Трагедија во Индија: Се урна хеликоптер – 7 мртви

Трагедија во Индија: Се урна хеликоптер – 7 мртви

Трагедија се случи во северната индиска држава Утаракханд, при пад на хеликоптер, според новинската агенција ANI. Според Timesofndia, најмалку седум лица загинаа во падот на хеликоптерот.

Хеликоптерот исчезнал од радарот во округот Гаурикуду во државата, објави АНИ, цитирајќи официјален претставник.

Главниот министер на државата, Пушкар Сингх Дами, во објава на социјалните мрежи изјави дека Силите за одговор при катастрофи во Утаракханд, надлежните локални власти и спасувачките екипи се мобилизирани и учествуваат во спасувачките операции.

Мрежата „Индија тудеј“, повикувајќи се на изјави од официјални лица, објави дека хеликоптерот излетал од курсот поради лоши временски услови.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни