Свет

Трамп: Можеби ќе го нападнам Иран, а можеби и не

Трамп: Можеби ќе го нападнам Иран, а можеби и не

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите на тревникот пред Белата куќа. Беше прашан дали САД се приближуваат кон напад врз нуклеарните постројки на Иран.

„Дали навистина мислите дека ќе одговорам на тоа прашање? – рече Трамп.

Новинар: „Дали ќе ја нападнете нуклеарната постројка на Иран и точно кога, господине, ќе го нападнете?“

Тој додаде: „Не знаете дали воопшто ќе направам нешто. Не знаете. Можеби ќе го направам. Можеби нема.“

Тој рече дека „никој не знае што ќе прават“, но дека може да го каже следново:

„Иран има многу проблеми и сака да преговара. И им реков: Зошто не сакавте да преговарате со мене пред сите овие умирања и уништувања? Зошто не дојдовте? Им реков на луѓето: Зошто не преговаравте со мене пред две недели?“

Тој рече дека Иран му пристапил и „дури и предложиле да дојдат во Белата куќа“.

„Имаа лоши намери. Знаете, 40 години велат: смрт за Америка, смрт за Израел, смрт за секој друг што не го сакаат, каде било“, додаде тој, пренесува Индекс.

„Насилници. Беа како насилници на училишното игралиште. А сега не се. Но, ќе видиме што ќе се случи“, рече Трамп.

Тој исто така рече дека „ништо не е завршено додека не заврши и дека војната е „многу сложена.

„Не би рекол дека сме победиле во нешто. Но, би рекол дека сигурно постигнавме огромен напредок. И ќе видиме. Следната недела ќе биде многу важна. Можеби помалку од една недела, можеби порано“, вели Трамп.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни