Свет

Иран ѝ порача на Америка: Ако не сакате да ги запрете Израелците, не мешајте се!

Иран ѝ порача на Америка: Ако не сакате да ги запрете Израелците, не мешајте се!

Иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Казем Гарибабади, упати предупредување до Соединетите Американски Држави, додека американскиот претседател Доналд Трамп размислува дали да му се придружи на Израел во нападите врз иранските нуклеарни постројки.

„Доколку САД активно се вклучат во поддршката на Израел, Иран нема да има друг избор освен да ги искористи своите капацитети за да им одржи лекција на агресорите за самоодбрана“, рече Гарибабади, според иранските државни медиуми.

Тој го советуваше Вашингтон, ако не сака да ги запре израелските напади, барем да не се меша. Тој додаде дека иранските воени команданти ги имаат сите опции на маса.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни