Свет

Трамп: Ако режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не се промени?

Трамп: Ако режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не се промени?

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ако сегашниот режим во Иран не е во можност „да го направи Иран повторно голем“, тогаш можеби ќе биде потребно да се промени режимот во таа земја.

„Не е политички коректно да се користи терминот „промена на режим“, но ако сегашниот ирански режим не е во можност да го направи Иран повторно голем, зошто да не се промени режимот? MIGA!“, напиша Трамп на својот профил на мрежата Truth Social, користејќи го акронимот MIGA за Make Iran Great Again, како алузија на акронимот MAGA, или Make America Great Again, што е слоган на претседателските кампањи на Трамп.

Тој додаде дека пилотите на американските бомбардери Б-2 кои ги извршија нападите врз иранските нуклеарни објекти безбедно слетаа во американската сојузна држава Мисури.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни