Магазин

YouTube воведе опција за полесно пребарување содржини со помош на вештачка интелигенција

YouTube воведе опција за полесно пребарување содржини со помош на вештачка интелигенција

Денес, платформата YouTube воведе нова опција за полесно пребарување на содржини и информации со помош на вештачка интелигенција.

Како што објавува порталот Tech crunch, „AI вртелешката“ за пребарување е достапна за корисниците на YouTube Premium во САД и прикажува генерирани описи на теми со помош на вештачка интелигенција, а потоа дава предлози за видео клипови, со што полесно се наоѓа посакуваната содржина.

Како што е наведено, оваа алатка може да го намали бројот на кликови за време на пребарувањето на платформата YouTube.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни