Свет

Зеленски: Русија го изврши најголемиот напад од почетокот на војната

Зеленски: Русија го изврши најголемиот напад од почетокот на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Русија во текот на ноќта извршила еден од најголемите воздушни напади од почетокот на војната, лансирајќи вкупно 550 ракети и дронови, вклучувајќи најмалку 330 иранско-руски дронови и балистички ракети „Шахед“.

Како што напиша Зеленски на Икс, Киев бил главна цел, но нападнати биле и регионите Днепар, Суми, Харков, Чернигов и Киев.

Според најновите информации, најмалку 23 лица се ранети, а регистрирани се и директни напади на неколку локации.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни