Свет

ВИДЕО Страшна експлозија на бензинска пумпа во Рим: Има повредени!

ВИДЕО Страшна експлозија на бензинска пумпа во Рим: Има повредени!

Најмалку девет лица, меѓу кои осум полицајци и еден пожарникар, беа повредени денеска по силна експлозија на бензинска пумпа во источен Рим, потврдија италијанските власти.

Експлозијата се случила на пумпа за бензин, дизел и течен нафтен гас (LPG) во населбата Пренестино, а низ италијанската престолнина се слушнал силен тресок.

„Работиме на гаснење на пожарот предизвикан од експлозијата на резервоарот … пожарот е сè уште активен“, соопшти италијанската противпожарна служба, додавајќи дека еден од нејзините членови е хоспитализиран.

Според италијанските медиуми, службите за итни случаи веќе биле на терен кога се случила експлозијата, бидејќи камионот претходно удрил во гасната цевка кај пумпата. Пожарот што следел се проширил на блискиот магацин, додека ударниот бран ги оштетил околните згради.

Досега е познато дека пет лица се префрлени во болница, додека, според информациите од агенцијата Ројтерс, меѓу повредените има и минувачи и работници од итната помош, но засега нема прецизен број.

„Ја почувствував експлозијата токму кога излегував од куќата. Експлозијата беше огромна, целата куќа се тресеше и се плашев дека прозорците ќе се скршат поради тоа колку беше силна“, изјави сведокот за Ројтерс.

Канцеларијата на италијанскиот премиер Џорџија Мелони објави дека премиерот внимателно ја следи ситуацијата.

Истрагата за причината за експлозијата е во тек.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни