Свет

Пожарникарите во Турција продолжуваат да гаснат пожари во западниот дел од земјата на брегот на Егејското Море

Пожарникарите во Турција продолжуваат да гаснат пожари во западниот дел од земјата на брегот на Егејското Море

Пожарникарите во Турција сè уште се борат да ги локализираат пожарите што беснеат на западот од земјата.

Пожарите што избувнаа на најмалку пет локации во турската покраина Измир на брегот на Егејското Море, поттикнати од високи температури, силни ветрови и ниска влажност, одзедоа два живота, предизвикаа евакуација на десетици илјади луѓе и оштетија околу 200 куќи, пренесува АП.

Министерот за шумарство, Ибрахим Џумакли, денес изјави дека пожарникарите, со поддршка на противпожарни авиони, трет ден се борат со пожарот во близина на градот Одемиш.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни