Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денес изјави дека Русија и Саудиска Арабија се надеваат дека примирјето меѓу Иран и Израел ќе биде долгорочно.
„Го поздравивме примирјето меѓу Иран и Израел, но во исто време изразивме надеж дека тоа ќе биде одржливо и ќе го отвори патот за продолжување на преговорите. Исто така, сме обединети во мислењето дека е потребно да се осудат сите дејствија што би можеле да доведат до продолжување на вооружените конфликти“, изјави рускиот функционер по средбата со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Фајсал бин Фархан, објави Риа Новости.
Лавров додаде дека двете земји веруваат дека споровите што се јавуваат треба да се решаваат исклучиво со политички и дипломатски средства, во согласност со Повелбата на Обединетите нации и со активна помош на државите што можат да влијаат на позициите на страните во конфликтот.
Лавров: Москва и Ријад се надеваат дека прекинот на огнот меѓу Иран и Израел ќе биде долгорочен