Големи делови од северна и источна Чешка, вклучувајќи ја и Прага, денес се соочуваат со прекин на електричната енергија, наводно поради дефект на голема трафостаница на источната периферија на главниот град на земјата.
„Струјата снема на целиот источен брег на реката Влтава, но метрото и неколку трамвајски линии наскоро беа рестартирани“, изјави заменик-градоначалникот на Прага, Здењек Хжиб.
Аеродромот „Вацлав Хавел“ функционира нормално, а во Прага, на источната страна од Влтава, банкоматите и семафорите не работат, додека продавниците и рестораните се без електрична енергија, објавува порталот инфо.цз.
Големи делови од северна и источна Чешка денес без струја