Околу 110 лица се хоспитализирани, претежно деца, по масовно труење со вода за пиење во округот Магарамкент во Дагестан, изјави денес вршителот на должноста началник на тој округ, Фејрудин Рагимханов.
„110 лица, претежно деца, се примени во болница“, рече Рагимханов, пренесува ТАСС.
Според информациите на неодговорната републиканска служба Роспотребнадзор, кај жителите на пет населени места во Дагестан се откриени повеќе случаи на цревна инфекција: Магарамкент, Кујсун, Гилар, Гапчах и Верхњи Тагиркент.
Масовно труење со вода во Дагестан, околу 110 луѓе хоспитализирани