Американските потрошувачи можат да очекуваат нагло зголемување на цените на основните прехранбени производи, како што е кафето, доколку администрацијата на Трамп се држи до планот за воведување царини од 50 проценти за целиот увоз од Бразил, изјавија денес експерти од оваа област.
Тие забележаа дека предложените царини за увоз ќе ја спречат испораката на бразилско кафе во Соединетите Американски Држави, нивниот најголем клиент, бидејќи ниту американските производители на кафе ниту бразилските извозници нема да можат да ја премостат разликата во цената што би произлегла поради новите давачки, објави Ројтерс.
Американскиот претседател Доналд Трамп во среда ги зголеми царините за бразилскиот увоз од 10 на 50 проценти, почнувајќи од 1 август, и покрај фактот дека САД имаат трговски суфицит од 7,4 милијарди долари со Бразил.
Цените на кафето во САД драстично ќе пораснат ако царините на Трамп за увоз од Бразил останат