Свет

Се искачиле на Ајфеловата кула, па скокнале со падобран – уапсени две лица

Се искачиле на Ајфеловата кула, па скокнале со падобран – уапсени две лица

Две лица се приведени и моментално се наоѓаат во притвор откако се искачија на Ајфеловата кула и скокнаа од неа со падобран, соопшти обвинителството во Париз.

Покрај нив, приведено е и трето лице, а против сите е отворена истрага за „упад во историско или културно место“, како и за „загрозување на животите на други лица преку очигледно намерно кршење на безбедносни правила“, се наведува во соопштението кое го пренесе француската телевизија BFMTV.

Инцидентот предизвика бурни реакции во јавноста и уште еднаш ја отвори темата за безбедноста на една од најпознатите светски знаменитости.

Ова не е првпат некој да се искачи на симболот на Париз. Во август 2024 година, еден Британец беше уапсен поради искачување на Ајфеловата кула, по што беше задржан од полицијата.

Француските власти апелираат на поголема одговорност и почитување на мерките за безбедност, особено кога станува збор за објекти со историска и туристичка важност.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни