Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нивото на воена цензура во Русија е без преседан, но верува дека таквата практика е оправдана во контекст на „специјалните воени операции“ (СВО) и војната што, како што изјави, се води и во информативниот простор.
„Ова е време на воена цензура, што е без преседан за нашата земја. Војната се води и во информативниот простор, а овој режим сега е оправдан“, рече Песков во интервју за списанието „Експерт“, објави ТАСС.
Коментирајќи го прекинувањето на работата на одредени медиумски компании, Песков нагласи дека „не треба да ја заборавиме ситуацијата во која се наоѓа земјата“.
Песков: Воената цензура во Русија е без преседан, но оправдана