Македонија

Тројца мртви во Прилеп, убиецот пукал кон полицијата, фрлил бомба па се самоубил

Тројца мртви во Прилеп, убиецот пукал кон полицијата, фрлил бомба па се самоубил

Прилеп е во шок по вчерашната трагедија во една од градските населби, каде што заложничка драма заврши со тројца загинати. Според првичните информации од медиумите и сведоци на настанот, вујко најпрво го убил својот малолетен внук и неговиот татко – инаку зет на напаѓачот – во семејната куќа.

Во текот на нападот, убиецот фрлил експлозивна направа и отворил оган кон полициските екипи кои се обидувале да ја стават ситуацијата под контрола. Трагедијата кулминирала нешто по полноќ, кога осомничениот си го одзел животот.

Од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство се уште нема официјални детали за мотивите и причините кои довеле до двојното убиство и самоубиството. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Поврзана објаваУбиството во Прилеп најавено на Фејсбук, еве што напиша убиецот Поврзана објаваОбвинителството го соопшти мотивот за убиствата во Прилеп
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни