Герила-акција се случила пред зградата на Македонската радио-телевизија, по телевизиското интервју на градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити.
Пред објектот биле поставени симболични банкноти со неговиот лик, со испишана вредност од 10.000 евра.
Засега нема информации кој стои зад акцијата и која е конкретната порака што организаторите сакале да ја испратат.