Завршена е обдукцијата на 63 годишниот прилепчанец кој вчера ги уби 43 годишниот внук од сестра и неговиот 13 годишен син.
Според информации на 4NEWS.mk завршена е обдукцијата на телата, но се уште се чека да биде изготвен извештајот кој треба да покаже кога настапила смртта кај лицата и поради која точно причина.
Во меѓувреме обвинителството потврди дека профилот за кој претходно пишувавме, го користел убиецот. Тој крвавиот пир го најавил токму на друштвената мрежа Фејсбук.
Што знаеме до сега?
Од СВР Битола соопштија дека „На 12.07.2025 во 21.20 часот во ОВР Прилеп К. Ч. (43) од Прилеп пријавила дека од домот се оддалечиле нејзиниот сопруг П. Ч. (43) и нејзиниот 13-годишен син (роден 2012) и истата изјавила дека можно било да отишле во куќата на нивниот роднина П. Ѓ. од Прилеп.
„Од страна на полициски службеници била извршена проверка во домот на П. Ѓ. но никој не ја отворил вратата. По наредба од јавен обвинител, полициски службеници со употреба на сила ја отвориле вратата и кога влегле во куќата едно лице фрлило бомба кон нив која почнала да чади, но не експлодирала. Откако полициските службеници излегле од куќата, било пукано кон нив, при што од полициските службеници било возвратено со пукање од службено оружје кон куќата. Денеска (13.07.2025) во 01.35 часот од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт како последица од повреди од огнено оружје кај П.Ч., П.Ѓ. и 13-годишен малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, вели СВР Битола.