Нивото на реките во централниот дел на американската држава Тексас, долината Кончо и округот Хил денес се зголемува откако обилните дождови предизвикаа ненадејни поплави втора ноќ по ред, само една недела откако областа беше опустошена од разорни поплави во кои 120 луѓе ги загубија животите, а многумина се водат како исчезнати, според американските медиуми.
Метеорологот Скот Клибауер објави дека во таа област наврнале помеѓу 5 и 10 сантиметри дожд, а на некои места и 20 сантиметри, додека бурата сè уште трае, објави Блумберг.
Тој додаде дека, иако најголемата количина дожд најверојатно наврнала во текот на утрото, подоцна се очекуваат нови бури.
Нивото на реките во Тексас расте, се очекуваат нови катастрофи