4NEWS.mk

Се запали автомобил кај Вевчани, патниците навреме излегле надвор

Вчера околу 04,40 часот на крстосницата од регионалниот пат Р1201 Дебар-Струга и патот за село Вевчани, настанал пожар во патничко моторно возило „Пежо 306“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Џ. Ш. (33) од с.Лабуништа-Струга.

Имено, додека Џ. Ш. возел, забележал чад од предниот дел на возилото,  по што возачот и патниците излегле надвор од него.

Потоа било зафатено со пламен, а интервенирала и противпожарната единица од Струга.

Извршен е увид.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни