4NEWS.mk

Надал среќен поради враќањето на Мареј

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е среќен поради враќањето на теренот на Енди Мареј.

Британецот претходно изјави дека поради здравствени проблеми се соочува со крај на кариерата.

-Ова е одлична вест за нашиот спорт. Среќен сум за Мареј. Ова значи дека тој се опоравил. На почетокот на оваа година тој рече дека ја завршува кариерата. И веќе по седум месеци тој е доста конкурентен, истакна Надал.

Шпанецот во моментов настапува на АТП турнирот во Монтреал, Канада. Тој е прв носител на турнирот и се пласира во полуфинаето.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни