Ненад Танески е именуван за нов декан на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје. Тој го заменува досегашниот декан Митко Богданоски, а одлуката за назначувањето е донесена од Министерството за одбрана на 10 јуни 2025 година.
Промената официјално е впишана во Централниот регистар на 25 јули 2025 година.
Полковник д-р Ненад Танески, е редовен професор на Воената академија. Роден е 1975 година во Скопје. Дипломирал во 1999 година на Воената Академија – Генерал Михаило Апостолски, во првата генерација македонски офицери. Во 2010 година на УКИМ на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, ги завршил магистерските студии со одбрана на магистерскиот труд под наслов „Ефективни стратегии за борба против тероризмот во современите демократски држави“, со што се стекнал со академскиот назив магистер од областа на безбедноста – национална безбедност. Во 2013 година на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, ја одбранил својата докторска дисертација на тема „Влијанието на асиметричните закани врз трансформација на водењето и суштината на војната во XXI век“ во која се користи со методолошки пристапи на проучување на безбедносните проблеми и теории својствени во проучувањето на безбедносните и воените науки и се стекнал со научен степен доктор од областа на безбедноста.
Во периодот од 1999 до 2007 година извршувал командни и штабни должности во Баталјонот на Воената полиција во Скопје. По завршувањето на вооружениот конфликт во 2001 година добива статус на бранител. Во период од 2007 до 2012 година е припадник на Воената служба за безбедност и разузнавање при Министерството за одбрана. Од 2012 година до денес работи на Воената Академија „Генерал Михајло Апостолски“ – Скопје, придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, каде што ги извршувал следните должности: Раководител на одделението за планирање, Раководител на Катедра за воени науки и вештини, Продекан за настава и научно-истражувачка работа – Раководител на Сектор за Настава и НИР.
Посебни стимулативни мерки како признание за постигнати високи стручни и професионални достигнувања во работата му се доделени од: Командантот на Воена Полиција по повод „7-ми Мај Денот на Безбедноста“ – 2002, 2004, 2006, 2007 година, Командантот на Специјалните сили по повод „Денот на Независноста“ – 2003 година, Декан на Воена академија, за остварени резулатати во процесот на обука, воспитување и придонесот во изградба и развој на Армијата, 2015, 2021 година, Министер за одбрана, за постигнати исклучителни резултати во извршувањето задачите во службата 2005, 2010, 2022 година.
На Воената академија реализира настава по следните предмети: Тактика на мировни операции и превенција на конфликти, Национална безбедност, Систем за управување со кризи, Еволуција на војување, Хибридни закани, Разузнавачки системи.
Учествувал на бројни стручни и стручно-специјалистички обуки, курсеви, семинари и работилници во земјава и странство – САД, Турција, Германија. Во поглед на професионалното ангажирање и планско-програмските активности, бил член и активно учествувал во работата на повеќе работни групи формирани од Воената академија, Министерството за одбрана и Армијата. Активно учествувал во целокупниот процес на подготовка, извршување и анализа на меѓународна штабна вежба „REGEX 2014“ (2014 година, Истанбул, Турција), и „REGEX 2015“ (2015 година, Атина и Солун, Грција-NATO Rapid Deployment Corps).
Покрај редовната настава на сите циклуси на Воената академија, реализира предавања по барање и покана од други институции и универзитети. Реализирал 7 меѓународни/национални проекти како главен истражувач/учесник. Има објавено преку 70 научни и стручни трудови во земјава и во странство. Досега објавил 1 рецензиран универзитетски учебник („Разрешување конфликти“, 2022), 5 монографии („Нова ера на војувањето“, 2012, „Глобални хибридни закани и асиметрични војни“-2014, „Разрешување конфликти и меѓународен тероризам“-2018, Милитантен исламизам-2019, Militant Islamism-2021) и 3 дела од монографија („Реформи во одбраната“- 2015, „Militant Islamism, Domestic Terrorism and Macedonian National Security“-2018, „Social engineering: a big corporative security challenge“-2018.
Претходно декан беше Митко Грозданоски.